| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците заборавиле што им правеше политичкиот татко на Заев

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, анализирајќи ги резултатите на последната анкета на „Брима галуп“, објавена на порталот „Република“, не е изненаден што македонските гласачи повторно во огромно мнозинство им даваат доверба на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските гласачи одамна имаат изострено политичко сетило и јасно е дека кај нив најважни политички теми се подобрувањето на животниот стандард, вработувањето и зголемување на личниот доход за кој прашања, повторно гледаме дека граѓаните недвојбено најголема доверба и подршка имаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Но, она што го изненадува, вели Пандов, е неочекувано е големиот процент на Албанци кои му даваат подршка на Зоран Заев. Просто зачудува фактот дека тој процент на Албанци ги заборавиле сите злодела кој им ги имаат направено Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски, политичкиот и идеолошкиот татко на Зоран Заев.

-Не можам да верувам дека кај Албанците постојат гласачи кој на понудата на Заев да има двојазични табли во Струмица и децата да учат во градинка албански во Штип, е доволен повод да го дадат својот глас за овој докажан измамник, потсетува Пандов и додава дека е неразбирлива поддршката и на малиот дел од јавноста за СДСМ, сега кога во игра се сите придобивки за кои Македонецот леел крв со векови.

Овие избори се поденакво иста борба за зачувување на државата, како онаа на илинденците 1903 г., на партизаните 1941 г. и македонската тивка револуција во 1991 г. со референдумот. Овие избори се референдумски, овие избори се уште една нова македонска револуција, овде и сега, овој пат за зачувување на сувереноста и унитарноста на македонска држава и македонскиот јазик, култура и идентитет, кои, не однадвор, денес се загрозени однатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top