| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен е лекот за фармацевтите (видео)

baern-minhen

Баерн Минхен им се врати на победите во Бундес – лигата, совладувајќи го тимот на Баер Леверкузен на домашен терен со 2-1. Баварскиот состав се доближи до лидерот Лајпциг на три бода негатива, по 12 одиграни кола во германскиот шампионат.

Тијаго Алкантара по 30 минути игра го отвори игра во корист на Баерн Минхен, откако од непосредна близина со удар со глава ја затресе мрежата на Лено. Но, само пет минути подоцна Хакан Чалханоглу израмни по одлична акција на „фармацевтите“.

Победничкиот гол беше дело на дефанзивецот Матс Хумелс, кој во 56.минута скокна највисоко по корнерот од десната страна и со удар со глава постигна втор погодок за домаќинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top