Ливерпул повторно е на врвот на табелата во Премиер – лигата, откако го совлада Сандерленд со 2-0 на „Енфилд роуд“. Во првиот дел „црвените“ останаа без Фелипе Кутињо кој се повреди, но неговата замена Дивок Ориги успеа да го пронајде патот до мрежата во 75.минута. Милнер од пенал во судиското продолжение го постави конечниот резултат на овој меч.
Актуелниот шампион Лестер се спаси од пораз на домашен терен, играјќи 2-2 против Мидлсборо. Слимани од пенал во четвртата минута од судиското продолжение донесе израмнување.
Луд натпревар одиграа Свонси и Кристал Палас. Многу пресврти, а на крајот триумф на домашниот тим од 5-4. Фернандо Љоренте во судиското продолжение постигна два гола, за пресврт.
Резултати Премиер лига:
Хал сити – ВБА 1-1, Лестер – Мидлсборо 2-2, Ливерпул – Сандерленд 2-0, Свонси – Кристал Палас 5-4, Барнли – Манчестер Сити 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.