Реал Мадрид мака мачеше за да стигне до победата, но успеа да слави со 2-1 над Спортинг Хихон на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, „кралевите“ ја остварија целта и освоија три нови бода пред „Ел Класико“, мегадербито со Барселона, кое се игра идниот викенд на „Камп Ноу“. Сега Реал Мадрид има 33 бода, седум повеќе од Барселона, која утре го игра мечот од тековното коло, на гости против Реал Сосиедад.
Кристијано Роналдо беше стрелец на двата гола за „кралскиот тим“ во петтата и во 18.минута, носејќи водство од 2-0. Но, потоа како да застанаа избраниците на Зинедин Зидан. Тоа го искористи Карбона и во 35.минута намали на 2-1.
Можеше да биде многу проблематично за Реал Мадрид, доколку Дује Чоп го реализираше пеналот во 78.минута. Но, хрватскиот интернационалец го промаши целиот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)