| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач на Атлетико ги тужи УЕФА и судијата Клатенбург

navivac-atletiko

Финалето меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид заврши пред околу шест месеци со триумф на „кралевите“, но еден навивач на „јорганџиите“ тешко се помирува со поразот на својот тим, па реши правдата да ја побара по судски пат. Имено, Хозе Антонио Кампон денеска поднесе тужба до Судот во Леганес во која како обвинети ги наведува УЕФА како организатор на натпреварот и Марк Клатенбург како главен судија, барајќи правда за голот на Серхио Рамос, што според него бил постигнат од офсајд.

Кампон во тужбата бара 1.660 евра, од кои 160 за платената влезница за финалето, a 1.500 евра за „морална штета“ поради разочарувањето од претрпениот пораз. Според него, УЕФА е одговорна „што не обезбедило целосно почитување на правилата и избрала луѓе (судијата Клатенбург) кои не си ја завршиле работата согласно нормите).

– Бараме и воведување на систем на технологија за проверки на судиските одлуки, каква што постои и во многу други спортови. Овие судиски грешки речиси секогаш се на штета на послабиот тим, тоа мора да се промени – порача Кампон преку весникот „Ас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top