| четврток, 6 декември 2018 |

Револт во Бугарија по судирот на мигрантите и полицијата во Харманли (видео)

Не се смируваат страстите во Бугарија по вчерашниот бунт на мигрантите во прифатниот камп во Харманли. Како што е познато, вчера се случи судир на 2.000 мигрантите со полицијата, неколку дена откако беше прогласен карантин од здравствени причини.

Во бунтот во кој мигрантите заземале неколку објекти, предизвикале пожар и ги нападнаа полицајците со камења и други предмети, беа повредени повеќе од 14 полицајци, како и околу 200 мигранти. Неколку стотина мигранти беа уапсени.

image_5896420_126Иако денеска околу кампот е мирно и нема напнатост, дел од жителите на Харманли го блокираа патот влезот во бегалскиот камп. Тие со бугарски знамиња во рацете, но и со партиски и други национално обележја го очекуваа премиерот во оставка Бојко Борисов да се сретне со нив.

Но, вчерашниот бунт во целата држава го крена алармот и револтот околу мигрантите, а жестоки реакции се споделуваат и во медиумите и на социјалните мрежи. Меѓу другите се огласи и бугарската спортистка, олимпијката Габи Петрова на социјалните мрежи напиша дека е што нејзиниот роден Харманли се претворил во „бојно поле“.

„Страшно ми е да гледам како од тивок и спокоен, родниот град се претвора во бојно поле! Страшно ми е да гледам како родителите, блиските и пријателите живеат во страв!“, објави ланската најдобра бугарска спортистка на Инстаграм.

d036576c804ceb16f9b8e4083c84b648Од друга страна пак, преку социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од повредени мигранти во кампот по вчерашниот судир. Полицијата во справувањето со бунтот користеше водени топови и гумени куршуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top