| четврток, 6 декември 2018 |

„Падна“ најмоќната мафија во Војводина- Видео од апсењата

Српската полиција објави видео од акцијата во која беа уапсени 11 членови на најмоќната криминална банда во Војводина. Министерот Небојша Стефановиќ објави дека тие се обвинети за повеќе дела меѓу кои и за убиства.

-Тие извршиле повеќе кривични дела меѓу кои убиства, обиди за убиства, продажба на дрога, бегство од затвор..- наброи Стефановиќ.

Во акцијата е запленето и големо количество на оружје и муниција.

-Во акцијата биле запленети 11 пушки, од кои 3 автоматски, 3 полуавтоматски, 2 карабини, 4 малокалибарски пушки, две рачни бомби, два оптички нишани, околу 5.000 парчиња муниција од различен калибар- посочи Стефановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top