Македонија ќе се приклучи на глобалниот марш против генетски модифицираните организми (ГМО) и американската корпорација „Монсанто“, кој ќе се одржи на 25 мај во триесетина земји во светот, во над 300 града, на сите шест континенти. Маршот во Скопје ќе почне во 13.30 часот, а го организираат група граѓани кои деновиве ги дефинираат деталите.
Екологистите, агроактивистите и други групи низ светот ќе маршираат против се’ поголемото влијание врз агрокултурите што го врши биотехнолошката корпорација „Монсанто“, која е најголем светски производител на ГМО-семиња, а на пазарот исфрла голем спектар на генетски модифицирани организми и храна што содржи ГМО. Ваквите посеви и храна во светот се сметаат за опасни и агресивни за околината, а се потенцијално штетни за човековото здравје.
Во регионот маршеви против ГМО ќе се организираат во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



