| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Со поволностите во ТИРЗ Маврово-Ростуше дополнително ќе се раздвижи реканскиот крај

Во реканскиот крај има капацитети кои добро работат, но исто така се градт и нови капацитети, истакна носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Влатко Ѓорчев, кој беше во посета на Маврово-Ростуше.

-Имав прилика да ја посетам компанијата Новитет која што е печатница, ги објаснив поволностите копи ги дава Владата, исто така и металната индустрија Еуро Едил и тие имаат големо производство, имаат побараувачка за нивните производи и тоа зборува дека економијата во Македонија е размрдана- оцени Влатко Ѓорчев.

На крајот, рече Ѓорчев, бев и во фабриката Техно блок и она што особено радува е дека овде имаат 15 вработени, но при крај е и новиот погон и од месец јануари планираат да почне со работа со нови дополнителни 30 вработувања од околните места. Исто така планираат и проширување на нивните капацитети во економската зона во Скопје во Визбегово.

-Детално разговаравме и со градоначалникот, со пратеникот и со други луѓе од институциите во Маврово- Ростуше, за технолошко индустриската развојна зона Маврово-Ростуше во која ќе има големи поволности и инвеститори кои државата ги собира да ги донесе. Заедно на тоа кога ќе ја поврземе и локалната економска зона и поволностите за руралните економски зони, поволности кои ги нема никаде во светот- за нови вработувања, за 2.000 евра субвенција по вработен, по 4.000 евра ако вработат стечаец, 10 години поволности во делот намалени даноци, сето тоа се работи кои ќе го раздвижат овој крај и на сето тоа треба да се надоврзе и проектот на фабрики кои беа жртви на транзицијата, а кој исто така е многу важен- додаде Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top