ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, професорот Владо Камбовски да биде претседател на експертската комисија за утврдување на фактите за настаните пред и на 24 декември во и пред Собранието.
– Со оглед на фактот дека двете политички партии подолго време не успеваат да се согласат за заеднички прифатлив предлог или решение за тоа кој да биде претседател на Експертската комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа, за нас е прифатлив предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, проф. д-р Владо Камбовски, претседател на МАНУ да биде именуван за претседател на оваа Комисија, се наведува во соопштението од партијата.
Со прифаќање на овој предлог, како што се наведува, ВМРО-ДПМНЕ прави уште еден конструктивен чекор во насока на исполнување на обврската за формирање на оваа Комисија.
– Цениме дека би било разумно Комисијата конечно да биде формирана и да започне со својата работа. Се надеваме дека СДСМ ќе ги има предвид своите обврски преземени во насока на исполнување на приоритетите за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)