Един Џеко постигна хет-трик на синоќешниот натпревар против Викторија Плзен, а босанскиот ас по натпреварот го посочи првиот гол на „Олимпико“ како свој најубав во дресот на „римската волчица“. Навистина станува збор за ремек-дело откако Џеко најпрвин со финта се ослободи од својот чувар, за потоа со прекрасен удар од речиси „мртов агол“ да ја смести топката во мрежата.
– Ова беше мојот најубав погодок по доаѓањето во Рома, меѓу другото и поради фактот дека го постигнав со левата нога. Моите три гола се заслуги на целиот тим, бев мотивиран и решен да помогнам, трчав многу и не чекав да добијам топка само во шеснаесетникот. Таквиот пристап се исплатеше и заслужено победивме и обезбедивме пласман во следната фаза од Лигата на Европа – истакна Џеко по натпреварот со Плзен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)