Пред 25 години почина Фреди Меркјури, легендарниот пејач на групата „Квин“, кој боледуваше од СИДА, а неговата смрт беше предизвикана од силна форма на бронхитис.
Тој почина во Лондон опкружен со најблиските пријатели, кои знаеле дека одбива да зема лекови. Неговиот асистент Петер Фристон откри дека Фреди одел толку далеку за да ги заштити најблиските и себе по неговата смрт, така што никој не знае каде се наоѓа пепелта од неговата кремација, освен Мери Остин, жената за која зборуваше дека е љубовта на неговиот живот.
Во неговата порака тој напиша дека сака Мери да ја преземе неговата пепел и никогаш да не открие што се случило со него.
Мери неколку години подоцна откри дека се плашела дека неговите обожаватели ќе ја ископаат неговата пепел, како што правеле со други познати личности.
До денес таа, ниту на партнерот на Меркјури, ниту на неговите родители, не им кажува каде е неговата пепел. Потрагата по пепелта на Фреди трае од 1991 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.