Косовскиот премиер, изјавата ја даде во Софија каде е во посета, новинар на бугарското национално радио го праша за инцидентите меѓу Албанците и Македонците.
– Постојано посочуваме Албанците да бидат дел од институциите и дел од демократскиот живот. Сакам да подвлечам дека 3 проценти Срби кои живеат на Косово имаат повеќе права од 35 проценти Албанци кои живеат во Македонија. Во таа насока сметам дека албанските лидери и македонските власти во Скопје треба да разговараат и да го применат Охридскиот рамковен договор, изјавил Хашим Тачи во интервју за Бугарското национално радио.
Тачи кој е во посета на Бугарија првпат паралелно на меѓународна сцена ги споредува процентите и правата на Косово и соседите, со зголемувањето на процентот на македонските Албанци. Во изјавата дури и посочува за однос меѓу македонските власти и албанските лидери и покрај тоа што и во власта има албански лидери.
Во Софија косовскиот премиер оценил дека Косово е на вистинскиот пат по договорот меѓу Белград и Приштина. За овој договор Хашим Тачи смета дека е порака до Скопје која „треба да води кон изнаоѓање на компромис и решение за да не усложни евро-атлантскиот пат на Македонија“.
Тачи, премиерот на Косово, оценува дека Македонија многу треба да инвестира во европските вредности, наместо да се на последното место, а вели и дека се потикнувачки заложбите на албанските лидери во Македонија кои се жедни за побрза интеграција во НАТО и Европската Унија. Додека Тачи го искористил интервјуто за да прати сериозни пораки со промашени проценти до Скопје, бугарскиот новинар го искористил за да се обиде да ги присвои Гораните Македонци од Косово.
-Г-не Тачи, Гораните кои се Бугари и живеат многу одамна на Косово, може ли да бидат признаени како такви и да добијат национални права?- праша новинарот Николај Крстев.
Тачи без да прецизира чија националност се Горанците рекол дека сите имаат право на свои претставници во државните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.