Тврдината што значи живот ја чува Џакарта, главниот град на Индонезија, од неколку метри длабоките води на Џакартанскиот Залив. Имено, градот со добар дел се наоѓа под површината на морето. Меѓутоа, дури ни ѕидот веќе не е сигурен. На некои места е пукнат, а некаде матната и загадена вода минува преку ѕидот.
Џакарта тоне поради сиромаштија, и тоа во буквална смисла. Градот не може да донесе доволно вода за пиење од околните резервоари, и граѓаните се принудени да се потпираат на длабоките бунари и ја црпат водата под своите нозе. Поради тоа подземните резервоари се уриваат и ја намалуваат земјата.
Земајќи ги предвид новите станбени згради, трговски центри и владини канцеларии, кои само го зголемуваат уривањето на подземните шуплини, јасно е дека проблемот не е лесно да се реши. Изградбата на новите сообраќајници довела до проблем со одливање на надворешните води, а истовремено подземните бункери не можат да го упијат дождот бидејќи асфалтот не е порозен. Така настанал магичен круг, каде луѓето имаат потреба за повеќе вода.
За тонењето на Џакарта дополнително придонесува едноставниот факт дека дури ни реките повеќе не можат нормално да течат. Имено, сè подолгите текови на реките се под нивото на морето и во секој дождовен период на Џакарта и се закануваат тешки поплави. Новите водоводи се во фаза на планирање, а експертите предупредуваат дека Џакарта се доближува до точка од која нема враќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.