| четврток, 6 декември 2018 |

Владата нема план-економијата незапирливо тоне!

Економијата забрзано тоне. Сите економски показатели и индикатори илустрираат дека стопанството оди кон амбис. Последните податоци за индустриското производство во август годинава во однос на август лани покажуваат намалување од 5,3 проценти, а за осумте месеци од годинава во однос на периодот јануари – август 2016 година намалување за 0,1 проценти, објави Државниот завод за статистика

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28,1 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи,  текстил,  облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 отсто, Капитални производи за 12,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.

Деновиве грѓаните се вознемирени и од најавата дека до крајот на годинава без работа ќе останат 4.000 луѓе. Имено пет фабрики, од кои 3 странски и две домашни, ставаат клуч и ќе ги отпуштат нивните вработени поради лошиот пристап на владата кон нив.

Петте фабрики веќе најавија затворање поради игнорантскиот однос на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, а процесот за ваквите нивни одлуки ги забрзаа лошите макроекономски резултати, зголемените трошоци за работа и производство. Македонија е веќе влезена во рецесија, а затварањето на овие фабрики ќе придонесе за пролонгирање на негативните трендови во економијата. Тоа е доволен показател дека владата нема никаква стратегија за развој на домашната економија. Прекинувајќи ги речиси сите процеси за подобрување на инфраструктурата, СДСМ докажа дека не знае добро да менаџира со буџетските средства.

Лошите реформски политики на новата влада ги бркаат инвеститорите, кои веќе имаат вложено во индустриските зони, а повеќето компании, кои беа пред одлука за влез и инвестирање во Македонија, ја променија својата одлука и се одлучија својот капитал да го инвестираат во други земји од соседството.

До пред доаѓањето на новата нереформска влада на СДСМ, Македонија беше најпосакувана земја за странските инвеститори. Поволната инвестициска клима и соработката со поранешната македонска влада беа клучни фактори за голем број компании од секаде во светот да инвестираат токму кај нас.

Следејќи ја досегашната политика на владата на Заев, наместо да привлекуваат нови инвестиции и невработеноста да се намали уште повеќе, тие ги бркаат сегашните. Со тоа стануваат директни виновници за отпуштањето и останувањето без работа на голем број на граѓани.

Конкретен пример за ова е фабриката ,,Фени’’ од Кавадарци, која пред две години, кога цената на металите беше најниска, таа работеше, а сега, кога цената на металите е на рекордно највисоко ниво, таа оди во стечај. Целта е богатење на неколку високи функционери од сегашната власт преку непријателско превземање на компанијата. Владата нема никаков концепт и план за развој на економијата и инвестициите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top