| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Разделба“ на првото место на натпреварот „Филм конверт“ (видео)

Филмот „Разделба“ (Farewell) ја доби наградата „Избор на публиката“ (People’s Choice), a е прикажан во краткото видео, каде што се сместени најдобрите инсерти од наградените учесници, монтирано од самата компанија што го организира филмскиот натпревар.

razdelba

Приказната на филмот „Разделба“ е сместена во дистопична иднина, опишувајќи ја бесцелноста на војната. Режисер и продуцент е Пеце Здравковски, а во главните улоги играат Димитар Ѓорѓиевски и Симона Јосифовска. За камерата и изгледот на сетот се погрижија Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски, додека шминката е дело на Сашо Мартиновски. На тонот работеа Христо Стојановски и Ристо Алчинов, додека вокалот е на музичарот Коста Хаџикојчев.

Со 26 гласови водство пред вториот учесник и 706 пред третиот, филмот „Разделба“ (Farewell) убедливо се наоѓа на првото место и ја има наградата од највисок ранг „Избор на гледачите“ на овој интернационален натпревар. На натпреварот вкупно имаше 605 учесници, од кои седум беа наградени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top