Кевин Лав одигра четвртина за паметење против Портланд, откако крилниот центар постигна фантастични 34 поени во првите дванаесет минути од оваа средба. Лав погоди неверојатни осум тројки за една четвртина, од поле севкупно шутираше 11/14, од линијата за слободни фрлања беше непогрешлив (4/4), па со 34 поени е нов рекордер за најефикасен играч во првата четвртина во историјата од НБА-лигата.
Интересно, ова не е и најдобра четвртина на еден играч во историјата, рекорд што му припаѓа на Клеј Томпсон од Голден Стејт, кој постигна 37 поени (шут од поле 13/13) во третиот период од дуелот со Далас маверикс.
Кевин Лав го заврши мечот со 40 поени, осум скока и три асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)