Се протега на речиси пет километри песочна плажа на германскиот дел од Балтичкото Море. На островот Руген лежи најголемиот хотел во светот со 10.000 соби, сите со поглед на море. Но 70 години откако е изграден, ниту еден посетител нема отседнато во овој хотел.
Тоа е хотелот “Прора”, огромен комплекс на згради, кои помеѓу 1936 и 1939 биле изградени од страна на нацистите, како дел од нивната програма “Сила преку забава”. Целта била со овој компелкс да се обезбеди одмор за германските работници и во него да се шири нацистичка пропаганда.
Комплексот се состои од осум идентични згради, кои се протегаат на повеќе од 4,5 километри, на оддалеченост од околу 150 метри од плажата.
Три години, 9.000 луѓе работеле на изградбата на комплексот, а нацистите планирале да дигнат четири идентични одмаралишта со кина, театри, базени и пристаништа. Плановите на Хитлер за “Прора” биле многу амбициозни, тој сакал гигантско летувалиште на море со 20.000 легла. Во случај на војна, целиот комплекс би можел да се претвори во воена болница.
Војната навистина се случила, дури и пред објектот да биде завршен, па приоритетите на Хитлер се смениле и работниците ги преселил во селото Пенемунде каде се работело на нови ракети.
За време на сојузничките бомбардирања, многу луѓе од Хамбург нашле засолниште во овој комплекс, а по војната “Прора” се користела како воена база на армијата на Источна Германија.
По повторното обединување на Германија во 1990 година, дел од комплексот бил искористен од страна на Воено-техничкиот колеџ, а за време на војните на Балканот, објеките на “Прора” служеле како засолниште за бегалците.
Денес, местото е напуштено, а постојат планови хотелскиот комплекст “Прора” да се претвори во модерно одморалиште со 300 легла, во кое ќе има тениски игралишта, базени и трговски центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)