| четврток, 6 декември 2018 |

Совети на искусен месар: Какво мелено месо (не) треба да купувате

Месар со 11-годишно искуство советува какво мелено месо купувачите треба, односно не треба да купуваат.

– Јас сум месар 11 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно на леш од некое животно, кое со денови стои на пат. Знаев да направам така убаво на лик мелено месо од месо старо еден месец, а сѐ благодарение на ладна вода, сол, шеќер и винобран. Затоа, ако месото е многу ситно мелено, ако од надворешните страни е румено, а внатре темно и ако се прави пена кога го динстате, верувјате ми дека месото е третирано на начин кој ви го кажав. Солта и ладната вода ја влечат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината- напишал месарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top