На социјалните мрежи се шири текст за лошото мелено месо кое наводно може да се најде во продажба.
Текстот наводно го напишал месар кој има 11-годишно искуство.
Ако може да му се верува на овој месар, дел од меленото месо кое се продава не би требало да го купувате.
– Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 11 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат. Знаев да направам така убаво мелено месо од месо старо еден месец, а се` благодарение на ладна вода, сол, шеќер и винобран… Затоа луѓе, ако месото е многу ситно фаширано, ако од надворешните страни е румено, а внатре темно и ако се прави пена кога го динстате, верувјате ми дека месото третирано на начин кој ви го кажав. Солта и ладната вода ја влечат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Внимавајте што купувате и јадете… – напишал наводниот месар.
извор: sky.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.