Најпопуларните работни места во Црна Гора, во смисла на брзо вработување и добри плати, се тие за кои се обучени висококвалификувани работници готвачи, слаткари и месари.
Работодавците во Црна Гора во оваа година на Заводот за вработување пријавија 20.015 слободни работни места, од кои 18.316 се позиции на одредено работно време.
Над половината, околу 60 отсто се однесуваат на приморските општини. Најмногу слободни работни места се огласени во туризмот и угостителството, административните и помошните услужни дејности и трговијата на големо и мало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.