| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри се коцкаше и доби, внесе во игра фудбалер роден 2000 година

mois-kin

Јувентус направи голем исчекор кон првото место на табелата во Лигата на шампионите со победата на гостувањето во Севилја против ланскиот победник на Лига Европа. Сепак покрај победата уште еден момент од мечот ќе влезе во фудбалската историја.

За првпат во историјата еден фудбалер роден по 2000 година дебитираше во Лигата на шампионите. Во 83. минута од натпреварот Масимилијано Алегри го повлече Миралем Пјаниќ за да го внесе црномурестиот напаѓач Моис Кин. Со 16 години и 258 дена, фудбалерот со корени од Брегот на слоновата коска, а израснат во Италија е рекордер во клупската историја како најмлад учесник во најеминентниот европски Куп.

Помлади фудбалери од Кин кои дебитирале во Лигата на шампионите се Селестин Бабајаро во дресот на Андерлехт со 16 години и 87 дена и Ален Халиловиќ во дресот на Динамо со 16 години и 258 дена.

Во февруари 2000 година најмладиот фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите го постигна Петер Офори-Ике на мечот Олимпијакос – Розенборг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top