| четврток, 6 декември 2018 |

Северина е трудна – еве како сака да се вика девојчето!

seve3

Северина во последно време се повлече од јавноста, не настапува, не е активна на социјалните мрежи, не се појавува на настаните, никаде ја нема.

Северина последен пат пееше на роденденот на шопинг центар во Загреб пред повеќе од еден месец.

Во меѓувреме доби воспаление на гласните жици, па ги откажа сите концерти, а требаше да оди и на операција.

seve

Меѓутоа тоа не е единствената причина поради која Северина се повлече од јавната сцена!

Пејачката на својот бенд му ги откри убавите вести. Имено Сплиќанката на својот бенд му рекла дека сака да го прошири семејството и дека затоа оди на пауза. Пејачката од порано зборувала дека би сакала да добие ќерка на која би и дала име Коко.

seve2

-Би сакала да родам ќерка за од неа да можам да направам принцеза – рекла Северина.

Дури и загрепската пророчица Мирела Марковиќ предвидела дека пејачаката и фудбалскиот менаџер Игро Којиќ ќе останат во брак 15 години и ќе добијат дете.

-Ќе добијат дете, најверојатно девочје – рекла Марковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top