Вечерва во Лигата на шампионите беа одиграни првите осум натпревари од петтото коло. На програмата беа натпреварите од Е, Ф, Г и Х.
Љубителите на фудбалот можеа да видат фантастични мечеви со пресврти и многу голови, а на крај сепак фаворитите стигнаа до трите бода.
Највозбудлив се чини беше мечот во Дортмунд каде домашната Борусија и Легија Варшава одиграа несекојдневен натпревар проследен со неколку рекорди бидејќи крајниот резултат гласеше 8-4!
Борусија стигна до убедлива предност од 5-2, благодарение на погодоците на Кагава, Сахин, Дембеле и Ројс. Двата гола за Легија ги постигна Пријовиќ, во првиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите во кој за триесет минути игра беа постигнати шест погодоци.
Ројс со гол во 32. минута се погрижи ова да биде првата средба во која седум погодоци се постигнати во рок од само 32 минути, уривајќи го претходниот рекорд на дуелот Монако – Ла Коруња во 2003 година, кога навивачите имаа можност да проследат седум гола за 47 минути игра.
Во вториот дел беа постигнати уште пет гола, а повратникот во екипата Марко Ројс постигна хет-трик.
Реал Мадрид како по исто сценарио од првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до трите бода против Спортинг Лисабон со гол во самиот финиш од мечот. Први поведоа „кралевите“ со голот на Варан, а Спортинг иако имаше играч помалку по исклучувањето на Переира во 60.минута успеа да израмни од пенал 20 минути подоцна. За да се остане во игра за првото место на табелата, се погрижи Карим Бензема со гол на три минути до крајот од натпреварот (1-2).
Екипата на Јувентус успеа да стигне до трите бода на тешкото гостување во Андалузија кај Севилја (1-3) кој е директен конкурент за првото место во групата. Овој натпревар ќе биде запаметен по неколкуте чудни одлуки на судијата Клатенбург кој се чини многу и помогна на „старата дама“. Имено, Клатенбург најпрвин при водство на домаќините од 1-0 го исклучи Фран Васкез, за потоа во финишот од полувремето да досуди пенал што Маркизио го претвори во израмнувачки погодок. Јувентус знаеше како да го искористи тоа и со головите на Бонучи и Манџукиќ стигна до цел плен и се искачи на првото место во групата, а Клатенбург во меѓувреме го исклучи и домашниот тренер Сампаоли, кој жестоко реагираше на неговите одлуки.
ГРУПА Е:
ЦСКА – Баер Л. 1-1, Монако – Тотенхем 2-1.
Табела: Монако 8, Баер Л. 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.
ГРУПА Ф:
Спортинг – Реал 1-2, Борусија Д. – Легија 8-4.
ТАБЕЛА: Борусија Д. 13, Реал М. 11, Спортинг Л. 3, Легија 1.
ГРУПА Г:
Лестер – Бриж 2-1, Копенхаген – Порто 0-0
ТАБЕЛА: Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Бриж 0.
ГРУПА Х:
Севилја – Јувентус 1-3, Динамо Загреб – Лион 0-1.
ТАБЕЛА: Јувентус 11, Севилја 10, Лион 7, Динамо Загреб 0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)