Роби Вилијамс често пати знаел да се „пошегува“ дека завршил во кревет со сите членки на групата „Спајс грлс“, а сега поранешната членка на групата одлучила да ја раскаже својата страна на приказната.
Иако никогаш ништо не е официјално потврдено, еден вид на „јавна тајна“ е дека Роби Вилијамс (42), своевремено спиел со сите пет членки на некогаш популарниот женски бенд „Спајс грлс“. Сепак, Мел Би (41), не се сложува со тоа.
-Тој ми се извини поради целата таа приказна. Вели дека спиел со сите Спајсици… за тоа може само да сонува, открила пејачката.
Сепак, членката на жирито на австралискиот „Икс Фактор“, не ја „одбранила“ честа на своите поранешни колешки. Не демантирала дека Роби спиел со останатите девојки, туку само нагласила дека таа никогаш не се нашла во неговиот кревет.
Па, тој ми е пријател…. Бљак! Човекот спиел со моите пријателки“, одговорила Мел Би на прашањето дали некогаш би спиела со пејачот.
За потсетување, откако Викторија Бекам и Мел Си одбиле да учествуваат во големата камбек турнеја, на која бендот „Спајс грлс“ ќе прослави 21 година кариера, преостанатата тројка одлучила да настапува под името GEM.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.