Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ќе добие своја статуа во Стокхолм, откако 10 пати со ред беше избран за најдобар фудбалер на Шведска. Статуата ќе се наоѓа пред „Стоклхом Френдс арена“, каде Ирахимовиќ постигна четири гола против Англија во 2012 година.
– Тоа е голема награда за мене. Повеќе од луѓето добиле своја статуа откако ќе починат. После 15 години напорна работа во националниот тим, 20 години како клупски играч, мислам дека го заслужив тоа – истакна Ибрахимовиќ.
Корпулентниот напаѓач се повлече од репрезентативниот дрес после изминатото Европско првенство во Франција а за Шведска одигра 116 натпревари, постигнувајќи и 65 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.