Носителот на листата во 2 ИЕ на „Коалицијата за подобра Македонија“, Никола Тодоров, денеска ги посети пензионерите во Пензионерскиот дом „Чаир“. Се разговараше за бројните реализирани проекти од кои бенефит имаат пензионерите, како и за новите мерки предвидени во програмата на ВМРО ДПМНЕ за периодот 2017 – 2020 година.
Тодоров посебно се осврна на предвиденото покачување на пензиите за 10,25%, проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација на пензионери, проектот за бесплатен туристички викенд за пензионери, и други нови проекти кои беа поздравени од присутните пензионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.