| четврток, 6 декември 2018 |

Синот гледал како татко му ја врзал мајка му со јаже околу вратот и ја влечел низ град

poli

Жителите на градот Хамелн, во германската покраина Долна Саксонија, длабоко се потресени од злосторството во кое маж ја врзал поранешната жена со јаже околу вратот, а другиот крај за автомобилот, за потоа 250 метри да ја влече низ центарот на градот. Работата да биде потрагична, во автомобилот бил и нивниот двегодишен си, кој го слушал лелекањето и плачењето на мајка си зад возилото.

Дваесетиосумгодишната жртва е во животна опасност, а сторителот се предал на полицијата. И сторителот и жртвата се германски државјани со курдско потекло.

Според досегашната истрага, жената ја нашле минувачи на патеката за пешаци во Кајзерштрасеу.

После итната операција во болницата во Хамелн, жената со хеликоптер е пренесена во Хановер, каде повторно е оперирана. Се наоѓа во кома и животот и е загрозен, соопштил портпаролот на полицијата.

Маруф К.(35) брат на тешко повредената жена, изјавил за „Билд“ дека нејзиниот мачител е суров грубијан и дека и порано брутално го напаѓал семејството, поради што таа и го напуштила.

„Билд“ пренесува дека во неделата, малку пред 18 часот Нуретин го вратил синот на мајката, после што меѓу родителите избила караница, по која тој и нанел на жената повреди со нож на градниот кош и слезината. После тоа го довезол автомобилот и ја врзал со јаже за него. Очевидците велат дека ја влечел жената со брзина од 8о км на час.

За време на возењето, јажето се одврзало или пукнало, па жената практично се ослободила од влечењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top