СВР Битола поднесе кривична пријава за М.М. (62) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и задоволување полови страсти пред друг.
Пријавениот на 14 ноември извршил полови дејства и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. Истиот го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом.
Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.