Системот за ладење на третиот реактор во веќе оштетената нуклеарна електрана во Фукушима престанал да работи, поточно, престанал да внесува вода во системот – соопштила Нуклеарната Регулаторна Агенција.
Властите во меѓувреме соопштиле дека не постои непосредна опасност додека во системот има доволно вода.
Судејќи според извештајот на Агенцијата, системот кој е задолжен за ладење на реакторот број 3 престанал да внесува вода потребна за ладење на нуклеарното гориво бидејќи е оштетена пумпата.
Потсетуваме, земјотрес со сила од 7,3 степени според Рихтер вчера ја погоди Јапонија.
Според податоците на USGS, епицентарот на земјотресот бил во близина на Фукушима, во Тихиот океан на длабочина од 10 километри. Издадено е предупредување за цунами.
Властите апелирале до граѓаните веднаш да се евакуираат кон повисоки предели.
Пред пет години Фукушима била погодена од силен земјотрес кој предизвикал цунами и довел до најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил. Настрадале повеќе од 18.000 луѓе и уништен бил брегот на североистокот на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.