| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Со 480 милиони евра ќе се обновува патната инфраструктура во источна Македонија

Предвидуваме многу инвестиции за инфраструктурата во источна Македонија. Покрај тоа што ќе продолжат да се градат сите патишта кои во овој момент се градат или се реконструираат, би сакал да потенцирам дека во Програмата се предвидени 480 милиони евра за патна инфраструктура во источна Македонија, истакна Илија Димовски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица.

– Предвидуваме довршување на автопатот од Скопје до Штип, завршување на експресниот пат од Велес за Кадрифаково, но и изградба на експресни патишта од Ранковце до Крива Паланка, од Штип до Кочани и од Штип до Радовиш. За овие патишта се очекува на самиот почеток на 2017 година да започнат со изградба.

Покрај автопатот и експресните патишта, додаде Димовски, одвоени се средства за многу регионални патишта- Чашка- Богомила, Свети Николе- Куманово, Пробиштип- Крупиште, Крива Паланка- Македонска Каменица, понатака и Кочани- Македонска Каменица- Делчево, Виница- Берово и многу други патишта кои имаат регионален карактер и кои помагаат на граѓаните од цела источна Македонија.

– Дополнително, предвидуваме големи средства како поддршка од Владата на локалната самоуправа, на општините во источна Македонија за изградба на локални патишта до секое населено место, онаму каде што има потреба и каде што има жители и потенцијален развој на економијата, посочи Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top