| четврток, 6 декември 2018 |

Мачење во Германија по теркот на ИСИС: Курд ја врзал жена за автомобил и ја влечел низ улиците

Германската јавност е во шок по злосторството што се случи во недела вечер во германскиот град Хамелн, Долна Саксонија, кога 38 годишен Курд Нуретин Б. Со автомобил ја влечел низ центарот на ова место својата 28 годишна партнерка и при тоа и нанел повреди опасни по животот.

„Осомничениот својата десет години помлада партнерка ја врзал околу вратот со јаже и ја влечел 250 метри низ центарот на Хамелн“, соопшти полицијата која сѐ уште ја истражува позадината на овој несекојдневен случај.

Дваесет и осумгодишната Кадер К. По неколку операции сѐ уште се наоѓа во животна опасност.

Полицијата смета дека најверојатна причина за овој чин е конфликтот на поранешните партнери околу заедничкиот син.

И жртвата и насилникот се припадници на две големи курдски семејства во регионот, па полицијата се плаши од можна одмазда и го заштитува семејството на напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top