| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасно: Паднал во врел извор, од телото не останало ништо (видео)

Американскиот студент Колин Скот од Орегон настрадал додека барал топол извор во националниот парк Јелоустон (САД)
23- годишникот сакал тој и сестра му да се избањаат во некој од многуте врели извори на вода во паркот. Тие сепак се наоѓаат во забранетиот дел од паркот.
Во еден момент тој сакал да ја провери температурата на еден извор, но паднал и потонал во врелата вода.
kolin-skot-1479747271-1040379

Тој повеќе не испливал на површина. Бидејќи во тој дел од националниот парк нема мобилен сигнал, сестра му морала да замине за да повика помош.

Кога пристигнала помошта кај изворот чија што температура надминува 100 степени, во водата се уште се гледале делови од неговото тело, но не можеле да го извлечат. Кога следниот ден се вратиле со потребната опрема, од телото веќе ништо не останало.
screenshot-7

Во службениот изветај е напишано дека телото заради екстремните температури во изворот, како и киселоста, телото во целост било распаднато и растворено. Пронајдени биле само паричникот и влечките на несреќникот.

zrtva
Сепак, не е поведена постапка против неговата сестра, но случајот е дополнително предупредување да не се напуштаат обележаните зони во еонот со термални извори.
Во Јелоустон постојат бројни гејзери и извори на врела вода, а историчарите наведуваат дека од 1870 година до сега во нив загинале 22 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top