| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа стартуваше со победа во Валенсија

lina-gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерс турнирот вреден 25.000 долари кој се одржува во шпанскиот град Валенсија. Најдобрата македонска тенисерка, која е поставена за трета носителка на турнирот, во рамки на првото коло ја совлада Басек Ерајдин од Турција со 2-0 во сетови (6-2, 7-5).

Следна противничка на најдобро рангираната македонска тенисерка ќе биде победничката од мечот помеѓу Пола Манхн и Јасмин Паолини.

Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа се натпреварува заедно со Галина Воскобоева која претходно ја елиминира на квалификацискиот турнир во Лимож, а првиот натпревар ќе го одиграат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top