Вчера околу 15.00 часот во Тетово на бул. ,,Илинденска‘‘, додека З.П. (28) од Тетово заедно со својата сопруга С.П. (25) и нивното бебе, се движеле со своето возило „ситроен“ со тетовски регистарски ознаки, З.П. слушнал удар на покривот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата.
Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Од страна на случаен минувач бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 мм, кој е подигнат за вештачење.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.