Повеќето жени си прскаат парфем зад ушите и на зглобовите, но според експертите тоа не е правилно, бидејќи најсоодветно место е папокот.
– Секое место на телото, кое зрачи топлина ја засилува аромата, а папокот го прави токму тоа – споделува Стивен Клејс, експерт од компанијата „Такасаго“.
Британската специјалистка за парфемите Рут Мастенбрук се согласува дека папокот е едно од најсоодветните места за прскање на парфем.
Таа препорачува и други невообичаени места, зад колената и во свивката на лактите. Во текот на летото е добро парфемот да се става по глуждовите и стапалата, бидејќи тие многу се движат и го дисперзираат мирисот.
Актерката Елизабет Тејлор била приврзаничка на ставањето парфем на папокот. Таа споделила дека тоа го научила од својот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.