| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре: Секогаш сум подготвен да ѝ помогнам на екипата

jaja-ture

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Јаја Туре донесе триумф за „граѓаните“ во дуелот против Кристал палас постигнувајќи два погодоци. Тој од стартот на сезонава беше изоставен од тимот поради несогласувања на неговиот агент со Пеп Гвардиола, но, сепак, продолжи со напорна работа на тренинзите, сѐ додека не го убеди каталонскиот стратег да му даде шанса.

– Фановите постојано ми ја нудеа целата поддршка и многу им сум благодарен, исто како и на соиграчите. Отсекогаш сум сакал да ѝпомогнам на екипата и постојано сакам да бидам сѐ подобар. Бев подготвен психички и знаев дека менаџерот еден ден ќе има потреба од мене – истакна Туре.

По оваа победа, тимот од „Етихад“ се наоѓа на делба на втората позиција со 27 освоени бода, со само еден бод заостанување зад лидерот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top