| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ

brckov

Струмица дополнително ќе ги засили своите редови по стартната победа над Вардар, па во текот на денешниот ден ќе потпише договори со Ненад Зивчевиќ и со Владимир Брчков, јавува локалната телевизија Вис. Станува збор за двајца квалитетни кошаркари кои настапувале за бројни тимови во македонското првенство и кои сигурно ќе го кренат нивото на игра на струмичани, со што оваа екипа искажува амбиција за борба за влез во Супер-лигата.

Брчков доаѓа во Струмица од редовите на Кожув. Останува да се види кога точно репрезентативецот ќе може да се врати на терените, со оглед на тешката повреда на тетивата заработена минатата сезона. Пред Кожув, Брчков со успех настапуваше и за Работнички и за Фени индустри.

Што се однесува до Зивчевиќ, за крилниот кошаркар овој трансфер претставува камбек во македонскиот шампионат откако минатата сезона настапуваше во Мароко, носејќи го дресот на Хочеима. За очекување е тој да дебитира за Струмица веќе во рамките од второто коло, во кое овој тим ќе се сретне со Работнички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top