При слетување на аеродромот во северен Непал, помал авион се урна изутринава, при што 21 лице е повредено. Пет лица, меѓу кои и пилотот, се потешко повредени и нивната состојба е критична, изјавија полициски претставници.
Повредените се префрлени во локалната болница.
Меѓу повредените има и девет туристи од Јапонија, а тројца членови на екипажот и останатите патници се државјани на Непал.
Авионот, сопственост на државниот „Непал ерлајнс“, се урна во река при слетување на аеродромот „Џомсон“, на околу 200 километри северозападно од Катманду. Оваа област е популарна меѓу планинарите, кои ја посетуваат планината Анапурна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.