На полноќ официјално стартуваше кампањата на партиите и за коалициите, кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Изборната кампања ќе трае 20 дена и ќе заврши на 9 декември на полноќ.
На изборите ќе учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.
Изборните активности официјално партиите ги почнуваат вечер и тоа Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Охрид, Коалицијата предводена од СДСМ ќе има собир во Прилеп, ДУИ во Липково, ДПА во Студеничани, Коалицијата за промени и правда – Трет блок ќе има претставување на кандидатите и програмата, Либералната партија ќе ја почне кампањата со средба со граѓани во Скопје.
Во Избирачкиот список за декемвриските избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас. За гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на вкупно 20.629 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.