| четврток, 6 декември 2018 |

Ги истепа родителите, не му се допаднал станот што му го купиле (видео)

Со навлегувањето на интернетот во секојдневницата и со видео камерите поставени насекаде, сведоци сме на промените кои го зафатија светот. Ако до пред дваесетина години Кина важеше за држава во која важат традицијата , семејните вредности, работливоста и пред се филозофијата пред материјалното, сега сведочиме за нехуманост, суровост и егоизам.

Во последното видео кое е снимка од градот Харбин, млад Кинез физички ги нападна родителите бидејќи не бил задоволен од станот кој што му го купиле како подарок за свадба!

Тој по мајка си и татка си мавал со раце и нозе , а сето тоа го гледале минувачите кои прво не сакале да се мешаат, туку го снимале тепањето со мобилните телефони. Сепак, кога насилникот сакла да замине, го задржале до доаѓањето на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top