Граѓаните на Република Македонија не се вработени во приватна фирма, тие ги уживаат сите човекови права, па и правото на кој јазик ќе зборуваат и тоа неможе да им се наметнува на сила порачаа од ГДОМ на денешната трибина во Гевгелија. Од ГДОМ велат дека уставот на Република Македонија не е статут на приватна фирма па истиот да може да го менува кој како сака притоа потенцирајќи дека Македонија не е најлоша држава во регионот.
-РепубликаМакедонија не е најлоша држава во регионот, туку најдобра држава во регионот. Република Македонија ги признава и името и јазикот и религијата на сите соседни држави додека тоа не е случај со другите држави. Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес, поради примање на пари во Швајцарија, на швајцарски франци, поради продажба на ајвар и корнишони во соседните држави. Ние немаме резервна држава, само Македонија ни е држава- рече Александар Даштевски – ГДОМ.
Аналитичарот Александар Панов потенцираше дека за да биде уставот на државата таков каков што е сега бил донесен рамковен договор и дека за негово постигнување 70 македонски бранители ги имаат дадено животите.
-Сега не знаеме која му е идејата на господинот Заев. Дали повторно покрај тоа што две години не малтретираше и се обидуваше на секој начин да не закрви Македонци со Македонци, дали сега овој пат му е желбата да отвори ново поглавје во кое што ќе се обиде да вметне повторно проблем меѓунационален помеѓу Македонците и Албанците- рече Александар Пандов – ГДОМ
Од ГДОМ им порачаа на гевгеличани дека на 11 декември мора да се излезе на гласање и со пенкало да се реши кризата во која државата била вештачки вовлечена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.