Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“ во Скопје вечерва се затвора со хрватскиот филм „Устав на Република Хрватска“ чиј копродуцент е Македонецот Дејан Милошевски и неговата куќа „Револушн продакшн“, а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Филмот е на познатиот и многу популарен режисер Рајко Грлиќ, а музиката ја напиша нашиот Дуке Бојаџиев. Во филмот игра одлична актерска екипа предводена од српскиот актер Небојша Глоговац, потоа Ксенија Маринковиќ, Дејан Аќимовиќ, а помала улога има и нашата актерка Јелена Јованова. Филмот беше прогласен за најдобро остварување на филмскиот фестивал во Монтреал, Канада.
Актерот Дејан Аќимовиќ толкува една од главните улоги во филмот. Тој во интервју за „Република“ признава дека секогаш со задоволство доаѓа во Скопје и во Македонија. Публиката го памети во македонските филмови „Збогум на 20. век“, „Илузија“ и „Бал-кан-кан“.
– Скопје е еден од моите најомилени градови во кои сум работел и секое доаѓање во Скопје многу ме радува. Имам многу пријатели во Скопје и многу убави спомени ме врзуваат за него. Во Македонија снимив три филма и тоа „Збогум на 20. век“, „Илузија“ и „Бал-кан-кан“ и секој почеток на работата на филмот беше во Скопје – вели за „Република“ Аќимовиќ.
Вечерта е резервирана за уште еден спектакл – холивудската мега ѕвезда Елајџа Вуд, човекот што веројатно најмногу го препознавате по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември и ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom.
(Целото интервју со Аќимовиќ ќе може да го прочитате во следниот број на „Република“ кој ќе излезе на 25 ноември).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)