| четврток, 6 декември 2018 |

Сечење, дрога, бес: Бред може слободно да ја уништи Анџелина

Холивудскиот актер со години му се доверувал на Рон Бард. Кога психијатарот починал овој јануари, Бред Пит одлучил дека ќе ги сочува сите копии од снимките со нивните разговори.

Како што пренесува „Радар онлајн“, Пит поседува повеќе од 100 часа аудиозаписи во кои зборува за проблемите на неговата сопруга Анџелина Џоли со дрогата и нејзините афинитети кон перверзните секс-игри. Во разговорите открил и што навистина мисли за Џенифер Анистон.

 

– Kога сите овие снимки би излегле во јавност, би можеле многу да и наштетат на Џоли и нејзината борба за целосно старателство – изјавил близок извор и додал дека снимките се снимани во период од 12 години, колку што актерот го посетувал познатиот психијатар.

Анџелина сакаше да се сечи за време на сексот и да пушта крв по мене. Тоа не ми се допаѓа – се вели наводно во една од овие исповеди.

Пит зборувал и за тоа дека Џоли знаела и со денови да се заклучува во соба и воопшто да не јаде. Таа кршела предмети и се заканувала дека ќе се самоповреди.

Љубоморна на тоа то Пит останал во добри односи со ААнистон, Џоли се заканувала и дека ќе ги пушти нејзините пит-булови кон неговата бивша сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top