| четврток, 6 декември 2018 |

Немаше ни за копачки, стана еден од најдобрите!

Легендарниот фудбалер на калчолигашот Интер, Аргентинецот Хавиер Занети, го раскажа својот тежок пат по кој чекорел, од сиромашно момче со капитен на тимот од Серија А.

Сиромаштијата која ја имал во детството, во која татко му му импровизирал копачки се со цел да му ја оствари токлу посакуваната желба.

– Мајка ми Виолета ги завршуваше задачите во домаќинството на други луѓе, а татко ми беше ѕидар. Ја напуштаа куќата во шест часот наутро, а се враќаа во вечерните часови, додека јас бев на училиште. Татко ми и јас сум понекогаш развезувавме млеко по роднините, а во своето слободно време да играв фудбал, се потсети на детството Занети.

Неговите родители биле толку сиромашни што немале пари ни за чевли, но успеале да се снајдат да не му го расипат сонот на своето чедо.

– Отсекогаш сум сакал да имам копачки како другите играчи, но едноставно немавме доволно пари. Еден ден, татко ми одлучи да експериментира и на стари и износени чевли, надгради неколку метални завртки, кои во тоа време потсетуваа на копачки. Бев пресреќен, глумев дека сум најголема ѕвезда на овој спорт. Тоа се спомени кои никогаш нема да ги заборавам, додаде Аргентинецот.

Интересно, Хавиер Занети текот на својата кариера не доби црвен картон, а е запаметен како скромен и вистински борец на фудбалскиот терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top