Маж од Јужна Каролина, кој лежел 39 години во затвор поради убиство, за кое одрекува дека го извршил, денеска е пуштен на слобода откако беше помилуван.
„Хералд оф Рок Хилс“ пишува дека 61-годишниот Џејмс Роберт Меклaркин е ослободен со кауција.
Полицијата и обвинителството на Јужна Каролина сега наведуваат дека тој не го убил 71-годишниот Клод Килиjан во август 1973 година.
Меклaркин и Реј Чарлз Деграфенријд биле осуден за убиство на Килиjан во 1977 година врз основа на сведочењето на друг обвинет.
Минатиот месец локалниот шериф изјавил пред комисијата за помилување на Јужна Каролина дека Меклaркин е невин.
На 11 октомви била донесена одлуката, кој се исполни денеска, мажот да биде пуштен на слобода со кауција.
Тој се уште не е официјално прогласен за невин од страна на судот.
Деграфенријд е на психијастрискиот оддел во затворот.
Мекларкин изјави дека и тој треба да биде ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија