Една од најпознатите ѕвезди од филмовите за возрасни, Тори Блек, одговарала на многуте прашања на посетителите на социјалните мрежи, а во своите одговори открила детали за својот живот, интереси и за порно индустријата.
Тори рекла дека на улица луѓето ретко ја препознаваат и дека најмногу сака да биде ненашминкана, бидејќи пред секое снимање речиси час и половина поминува во шминкерница. Блек во порно индустријата влегла многу млада и вели дека отсекогаш имала многу изразена сексуалност.
Секогаш се чувствував пријатно во моето тело, а порноиндустријата дојде одненадеж, тоа никако не го очекував, рекла Тори.
Таа вели дека несигурноста кај мажите и жените најмногу ја одбива и дека сака самоуверени луѓе. Тори инаку е мајка и вели дека тогаш ѝ било најтешко да се избори со предрасудите за неа.
Луѓето мислат дека тие две работи не можат да одат заедно, како сексот и мајчинството меѓусебно да се поништуваат, а тоа нема никаква смисла, истакнува порно актерката.
Пред да почне да се занимава со порнографија, студирала новинарство, а сега ја интересира пишувањето, иако мајчинството ѝ е приоритет.
На прашањето која сцена ѝ пружила најдобар оргазам и на која најдобро се сеќава, таа одговорила дека сега сите сцени некако се претопуваат по шест години работа.
Таа открила и дека колегите од снимањето не се дружат по снимањето, за односите да не станат чудни, а им дала и совет на мажите како да влезат во порно индустријата.
Снимете 20 аматерски филмови и испратете ги во повеќе студија, рекла Тори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.