Не стивнуваат реакциите по скандалозните изјави на Зоран Заев кој во име на СДСМ во Берн, Швајцарија пред албанската дијаспора ги продаде државните интереси и интересите на македонскиот народ во предизборието.
Уште откако започна атакувањето на државните институции и додворувањето на Заев на Албанците во Македонија, СДСМ на големо се обиде да ги сокрие вистинските пориви кои се кријат зад тоа сценарио. И СДСМ и подржувачите на платеничката револуција убедуваа дека не станува збор за акција која води кон федерализација на државата преку воведувањето на двојазичност. Република во неделникот анализираше и ги посочи сите фази кои под покровителство на „пријателите од надвор“ на Заев, за кои се одомаќини изразот „Чадорот“, за што двојазичноста и уставните измени се само дел.
Дека Заев е свесен дека двојазичноста води кон федерализација, и дека знае што тоа може да предизвика, потврдува и изјавата на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари.
СДСМ сега се обиде да ја сокрие и агендата на лидерот Заев при посетата на Швајцарија. Во официјалното соопштение кое беше објавено на партиската интернет страница беше наведен оглас- реклама за дебата, како и информација дека тој ќе имал средби со иселеници од Македонија. Тоа што СДСМ се обиде да го сокрие беше информацијата дека Заев настапува заедно со лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, потоа директорот на „Албинфо“ политикологот Башким Исени и поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос.
Според видеата кои дел од медиумите ги објавија од настапот на Заев, стана јасно дека Заев пред албанската дијаспора отворено тргува со националните интереси на македонскиот народ. Овој негов настап е продолжение на настапите во медиумите на македонските Албанци, каде тој без стеги ветува и менување на Устав за редефинирање на државата, наведувајќи го „грдото лице на Македонецот“.
Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат, смета аналитичарот Никола Србов по настапот на лидерот на СДСМ пред албанската дијаспора во Берн, каде што посочи дека треба да се оди „преку Рамковниот договор“.
-Ова е чисто уривање на Рамковниот договор. Господинот Зоран Заев е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија – рече аналитичарот Никола Србов.
Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн, Заев ветува дека “мора да се оди преку “Охридскиот рамковен договор.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
По многубројните изјави на оваа тема, двојазичните табли на општинските организации на СДСМ низ Македонија, на агендата на Заев беше дебатата на која на продажба на националните интереси, отворено посочувајќи ја Република Македонија виновник за иредентистичките барања од соседните држави, како и негирањето на македонската културна посебност.
-И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“, ја критикува Заев Македонија пред албанската дијаспора отворено критикувајќи ја Македонија и застанувајќи во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– Парите отидоа на споменици и музеи, кои наместо да нѐ обединат, нѐ поделија. И не само тоа, тие ги нарушија односите и со нашите соседи Kосово, Србија, Албанија, Бугарија. Не може да бидеме добри само ние, Македонците, а сите други да бидат лоши. Сега е време обединети да му кажеме стоп на овој режим – рекол Заев.
Заев на оваа дебата, на која придруван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, застана и зад зборовите на Андреас Грос, кој пред албанската дијаспора зборуваше за потреба од промена на Уставот во Македонија за да се изедначат двата јазика.
– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Kај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски – рекол Грос.
Продажбата на националните интереси на Заев нема да му мине пред македонските граѓани на изборите. Ниту пак лесно ќе му мине во партијата, имајќи предвид како помина двојазичната табла на партискиот штаб во скопски Чаир. Но, јавноста знае дека СДСМ зад себе секогаш оставала пустош и проблеми во државата, особено кога се свесни дека следува казна од народот. Така и со оваа игра, Заев со обидот за лов на гласови на Албанците во Македонија отвора нови можности за ново проблематично поглавје и аспирации во меѓунационалните односи во земјата, чии што последици ќе мора да ги решава идното парламентарно мнозинство заедно со партиите на Албанците во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)