Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ тврди дека младината на опозицискиот СДСМ, за разлика од владејачката партија, не понудила ниту еден конкретен проект.
УМС на ВМРО ДПМНЕ изминатиот период активно работела на промоција на програмата за млади. Промовирајќи ја програмата претставниците на УМС правеа споредба што Унијата на млади сили прави за младите, а што подмладокот на СДСМ понудија во овој период.
-Денеска поставивме пано каде што на едната страна ги поставивме проектите за млади што ги реализира ВМРО – ДПМНЕ, додека на другата страна закачивме празни листови кои ја отсликуваат програмата за млади на СДСМ, појаснија претставниците на УМС Гази Баба.
На паното се најдоа мерките за бесплатен автобуски и железнички превоз, намалена партиципација, изградба на нови спортски игралишта, сали и уште многу други проекти кои се дел од програмата за млади на ВМРО – ДПМНЕ.
Во изминатиот период исти ваква акција организираа и младите од Куманово, Ѓорче Петров, Кочани, Бутел и Старо Нагоричане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.