| четврток, 6 декември 2018 |

Романците најзаинтересирани за зимски туризам во Македонија

Посетителите и тур-операторите од Романија на Саемот за туризам во Букурешт покажаа  интерес за посета на Македонија имајќи ја предвид близината на двете земји и предноста што ја даваат на патувања со своето семејство во автомобил.

Ова, според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот,  ја иницира богатата понуда на романските тур-оператори за пакети во кои има вклучено и изнајмување автомобил во конкретната дестинација, додека, пак, повозрасните туристи најмногу ги избираат групните патувања во автобус.

Тур-операторите, кои веќе ја имаат вклучено Македонија во своите продажни каталози, детектираат интерес кај Романците за неколкудневен зимски туризам за Македонија и за Балканот, а тој интерес е најсилен во почетокот на декември.

Претставници на АППТ на овој саем за туризам остварија многубројни средби со медиуми и романски тур-оператори меѓу кои и Gama travel, Geea turism, Icar travel, Vikingul saltaret, Meitner turs, HTS travel, paralela 45 turism и така натаму.

Саемот, како што информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, се одржа од 12 до 15 ноември 2016 година, на кој учествуваа 223 излагачи кои својата понуда ја презентираа по 36. пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top